Краток расказ, Работилница

Жешкото столче

Во едно малечко и тивко станче во предградието, во доцните ноќни часови, жареше пригушена светлина. На Софија ѝ доаѓаше да си ја замисли оваа светлинка како мал светилник што на чудесен начин им го покажува на некои изгубени патници надвор патот до дома.

Краток расказ, Работилница

Ашрам

Додека се гледаше во огледалото, се насмевна бидејќи тукушто заврши со пишувањето на песната за тој ден. Во моментите кога ја пишуваше, чувствуваше силен ентузијазам, мислејќи дека токму оваа песна ќе го допре светот, дека таа песна ќе биде вистинската што ќе направи публиката конечно да сфати која е таа.

Краток расказ, Работилница

Збор-два

Јагода привршува со своите студии по јазик, но сè уште размислува за тоа „што сака да биде кога ќе порасне“. Размислува, и сфаќа дека сака да биде уметник. Секако, многу опширен термин е ова „уметник“, ни самата не знае што поточно подразбира со тоа.

Краток расказ, Работилница

Враќање кај водопадот

Бјанка фрли уште еден поглед кон задното седиште од нејзината кола, на кое лежеа двата цртежи, уредно спакувани во украсна хартија и обвиени со светкава лента. Потоа се сврте и почна да се искачува по ридот над селото. Се искачуваше по невидливата патека низ ретките грмушки на пустата падина. Ѝ беше потребно малку време за себе, сакаше да остане сама.

Краток расказ, Работилница

Плочки

Како што поминува времето, ми се освестува краткорочноста на животот, а со тоа срцето почнува да ми омекнува и да ми се менуваат многу перспективи и уверувања низ кои ја доживував реалноста.

Краток расказ, Работилница

„Разговор на тераса“ [Пловидба бр.4. Техн.: Дијалог; Тек: Љубопитност, Разбирање]

English Со лаптопот в раце, излезе од станот на последниот кат од зградата и со три чекори се најде под отворено небо, на плочникот од покривот. Седна на едно од двете столчиња крај пластичната маса и погледна околу себе. Набрзо треба да започне онлајн пловидба со една пријателка и сака да провери дали е сè во […]