Избрани песни од „Малага (Возови од мастило“) од Живко Грозданоски („Булевар Ослободување“ бр. 10 (2014-2024)
Избрани песни од „Малага (Возови од мастило“) од Живко Грозданоски („Булевар Ослободување“ бр. 10 (2014-2024)
Реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и трауматично.
„Пет приказни од целиот свет на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво.“
Кога ќе се сретнат македонското ‘не’, грчкото ‘ναι’ и англиското ‘nay’, ризикот е огромен. Како во комедија на забуни, потврдувањето лесно преминува во негирање, а сигурноста во сомнеж. Разбирањето во не-ναι-nay-доразбирање. Но не и тука.
Бегемот, Скопје „Жил Менар. Звучи како име на опскурен автор, чиј експе-риментален пристап кон книжевноста, ‘менаризам’, можел да стане светски тренд, доколку авторот не погинел под мистериозни околности. Во двобој гради во гради со конзер-вативен рецензент, кој наместо со меч или со пиштол, во клучниот момент смртоносно го ранил со недостаток од смисла […]
Антолог, Скопје „Едно дете го придружува дедо си до блискиот рид над градот, каде што пуштаат балони со хелиум кон небото. Во еден миг балонот исчезнува, а на негово место се појавува мала бела птица. Таквите денови стануваат убави сеќавања, но детето израснува во човек со мал невидлив дефект под градната коска – […]
Темплум, Скопје „’Отпечатоци врз коцки мраз’ се луцидни, духовити, наместа продуховени кратки раскази. Некогаш прикаски, некогаш фатени мигови, зен-мајстории, аксиоми, созерца-нија, некогаш длабокоумни филозофски размисли, некогаш обичен попис или опис, а некогаш и играње играчки со себе, со читателот и со текстот. Има во книгава раскази што ќе ве наежат и такви што можеби […]
Или-или, Скопје „Книгата ‘Куфер за тројца’ на Ж. Грозданоски се состои од три новели: ‘Ќе те сакам засекогаш’, ‘Куфер за тројца’ и ‘За животот на едно дрво’. Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата […]
„Приказни за тревите“ е збирка од тринаесет раскази, пишувани во период од околу две-три години пред и по завршувањето на додипломските студии (2008-2011). Расказите се и стилски и тематски разли-чни, а повеќето од нив ги поврзани метафората од насловот, позајмена од песна од Изет Сарајлиќ (1930-2002). Нека ни простат тревите […]
„Отпечатоци врз коцки мраз“ е пишувана во текот на додипломските студии (2006-2009). Станува збор за кратка медитативна проза, творена, меѓу останатото, под влијание на две книшки цртици: „Конзервирани импресии“ од Г. Стефановски, и „Цинк“ од Д. Албахари. Некои од составите се однесуваат на конкретни слу-чки, а некои се елаборирани размислувања, каде гном-ското најчесто е смирено од суптилниот противотров […]