„Приказни за тревите“ е збирка од тринаесет раскази, пишувани во период од околу две-три години пред и по завршувањето на додипломските студии (2008-2011). Расказите се и стилски и тематски разли-чни, а повеќето од нив ги поврзани метафората од насловот, позајмена од песна од Изет Сарајлиќ (1930-2002).
Нека ни простат тревите
Тревите ќе нè молат да ги газиме со својата младост,
Тревите ќе нè молат да ги даруваме со нежни сонети.
Ние ќе ги газиме задоцнети и горки и ќе им пееме
за неповратни заминувања, за украдени спомени.
И ќе ги молиме тревите да ни простат за многу зборови, за многу горки зборови што не ќе знаеме да ги премолчиме.
(1952)