„Да сум на твое место“

«Αν ήμουν στη θέση σου» / “If Ι were in your place”

Мала тријазична тематска антологија на современи македонски автори. Булевар Ослободување, Скопје, 2020.

Во 2020 и 2021, „Да сум на твое место“ можеше да се најде во неколку книжарници во Скопје, а беше и спроведена иницијатива во која со секој купен примерок од малата тријазична антологија беа донирани 100 денари за поддршка на лица од ранливите категории граѓани во нашата заедница. Конечен исход: на 18.01.2022 на сметката на ЦСИ „Надеж“ од Скопје беше уплатен износ од 4200 ден. Бројката „4200“ е смешна пред лицето на ранливоста, но поважно е семето на идејата, и отвореноста на патот кон ново отпочнување на слична иницијатива, со нови пораки што можат да бидат упатени, за нови ослободувања.

    „Кога ќе се сретнат македонското „не“, грчкото „ναι“ и англиското „nay“, ризикот е огромен. Како во комедија на забуни, потврдувањето лесно преминува во негирање, а сигурноста во сомнеж. Разбирањето во не-ναι-nay-доразбирање.

   Но не и тука. Замената на места што ја предлагаат тринаесеттемина македонски автори застапени во оваа мала антологија не е основа за конфликт, туку за емпатија. Влегување во нечии туѓи патики, скинати сандали или калливи чевли. Средби со вториот „ти“ и со другиот „јас“. Поглед на работите од перспектива на ластовици, авион, комарец, или од зад бодлив тел. И низ призмата на преводи кои обезбедуваат заменетите зборови таму – во домот на другиот јазик – да се чувствуваат како на траен и гостински престој.“


(Од предговорот на Илина Јакимовска) 

Подкаст-претставување на „Да сум на твое место“ во културниот простор „TWIXTlab“ во Атина.

Податоци за книгата

 

Година: 2020
Димензии: 15х23 cm
Број на страници: 42
Јазик: македонски/грчки/англиски
Приредувач: Живко Грозданоски

Автори: Влада Урошевиќ, Иван Шопов, Николина Андова-Шопова, Александар В. Станојков, Душко Крстевски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Ѓорѓи Крстевски, Искра Донева, Жарко Кујунџиски, Исток Улчар, Мане Манушев, Владимир Мартиновски

Превод на англиски јазик: Живко Грозданоски

Редакција на превод на англиски јазик: Никола Ѓелинчески

Превод на грчки јазик: Емилија Мајсторова-Стојановска

Редакција на превод на грчки јазик: Софија Григориаду