Кратка биографија

Живко Грозданоски (Кичево, 1986) завршил средно обра-зование во Американската гимназија „НОВА“ во Скопје (2005), а дипломирал на катедрата по Италијанистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (2009). Автор е на една збирка поезија и на шест прозни книги: „Отпечатоци врз коцки мраз“ (Темплум, 2009, и 2016 второ дополнето издание), „Приказни за тревите“ (Антолог, 2011), „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018), „50 раскази (избор од 10 збирки раскази)“ под псевдонимот Жил Менар („Бегемот“, 2019) и „Писмо за Глорија“ (Или-или, 2022). Застапен е во петнаесетина антологии и избори на десетина јазици. Ја приредил тријазичната антологија „Да сум на твое место“ на македонски, грчки и англиски јазик („Булевар Ослободување“, 2020). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Учествувал на меѓународни студиски престои, гостувања и книжевни резиденции во САД, Италија, Франција, БИХ и во други земји. Во 2006 година во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In cage” кој следната година бил прикажан на Филмскиот фестивал во Кан (“Critics’ Week” 2007). Ангажиран е како претседател на Друштвото на писателите на Македонија. 

Авторка на цртеж: Софиа Григориаду

За „Булевар Ослободување“

„Булевар Ослободување“ е простор за пишување, преведување, уредување и споделување приказни. Замислени и животни. Простор за нови гласови, и простор за преоткривање и (пре)вреднување на класиците. „Булевар Ослободува-ње“ е игралиште и игра, но и простор за преосмислување на играта, во насока на создавање игри што создаваат грижливи индивидуи. „Булевар Ослободување“ е неизбежно и политички простор, порив за иницијатива, говор разговор, но и договор: каде единствен императив е љубопитноста и отвореноста кон луѓе, кон заедници и кон идеи. „Булевар Ослободување“ е уште едно име на природниот тек на нештата.

Контакт

info@bulevarosloboduvanje.mk