„’Отпечатоци врз коцки мраз’ се луцидни, духовити, наместа продуховени кратки раскази. Некогаш прикаски, некогаш фатени мигови, зен-мајстории, аксиоми, созерца-нија, некогаш длабокоумни филозофски размисли, некогаш обичен попис или опис, а некогаш и играње играчки со себе, со читателот и со текстот. Има во книгава раскази што ќе ве наежат и такви што можеби ќе ве расплачат, некои ќе ве изнасмеат, некои ќе ве остават рамнодушни. Но, тоа не зависи само од ткајачот, туку и од материјалот од кој сте вие направени.“
(Ѓоко Здравески)