Молчиш, душо уморна од задоволства
Молчиш, душо уморна од задоволства
и од страдања (и кон едното и кон другото
рамнодушна си веќе).
Никаков твој глас не слушам:
ни каење за мизерната
младост, ни гнев, ни надеж,
ни мачнина.
Дремеш како
телото, занемена, сета полна
очајничка рамнодушност.
Нема да се изненадиме,
не, душо моја, ако срцето наеднаш
сопре, ако здивот
секне…
Еве нè, чекориме,
чекориме јас и ти како сомнамбули.
А дрвјата се дрвја, куќите
се куќи, жените
што минуваат се жени, и сè е она
што е, само она што е.
Темите радост и болка
не нè засегаат. Го изгубила гласот
сирената на светот, и светот е една голема
пустина.
Во пустината
јас со суви очи се гледам себеси.