Книжевност

Кратки осврти кон деветте книги што не влегоа во третиот круг од трката за „Роман на годината“ за 2020 г.

    Во третиот, полуфинален круг во трката за роман на годината за 2020 г. се пласираа романите „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски (Или-или), „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, „Суво мастило“ од Владимир Илиевски (Македоника литера), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски (Антолог), „Ши“ од Сашо Кокаланов (Или-или), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски […]

Преведувачка работилница

Молчиш, душо моја уморна од задоволства – Камило Збарбаро

Песна од италијанскиот поет Камило Збарбаро (1888-1967) Молчиш, душо уморна од задоволства Молчиш, душо уморна од задоволстваи од страдања (и кон едното и кон друготорамнодушна си веќе).Никаков твој глас не слушам:ни каење за мизернатамладост, ни гнев, ни надеж,ни мачнина.Дремеш какотелото, занемена, сета полнаочајничка рамнодушност. Нема да се изненадиме,не, душо моја, ако срцето наеднашсопре, ако здивотсекне…  […]

Книжевност

Кратки осврти кон 23-те книги што не влегоа во вториот круг од трката за „Роман на годината“ за 2020 г.

На овогодинешниот конкурс за „Роман на годината“ беше пријавено 41 дело (40 наслови, и едно дело кое поради грешка пристигна со мало задоцнување), а во вториот круг влегуваат 18 наслови кои добија најмалку три гласови од жири-комисијата. Следуваат мои блиц-осврти кон 23-те наслови што не влегуваат во вториот круг.

Автобиографски

Добре дојдовте во вистинскиот живот

     Пред некоја вечер, возејќи кон маалскиот супермаркет тука во Ѓорче, на пат кон Центар, забележав едно осум-деветгодишно девојче како седи на малечко столче зад еден пакет поставен помеѓу дворот од нејзина-та куќа и тротоарот. Пакетот многу личеше на импровизирана тезга, па затоа, тукушто се паркирав, излегов од колата и, сиот разгорен од љубопитност, […]

Заедница

Политика VS. Политикантство (неопходноста од РЕполитизација на општеството)

   Политиката е благородна активност. Политикантството (она што најчесто го живееме) е помија, „снаоѓање“, битка за личен интерес. Политиката е несебична, и се залага за доброто на пошироката заедница. Политикатството е себично и се врзува за личните интереси, за интересите на помали групи и глутници, со умилкување на поголеми економски и политички центри на моќ. […]

Заедница

Неколку зборови (за хипо- и хиперкогницијата)

     Во духот на некои филозофи од минатиот век, последниве неколку месеци се фаќам себеси како размислувам околу тоа како зборовите и нивното присуство/отсуство во секојдневието ми го условуваат мислењето и изразувањето, па и однесувањето, па така и личната (и колективната) култура воопшто. Пред некое време, најпосле, на „Букбокс“ наидов на еден важен текст […]