Имајќи ја предвид чудесната комплексност на човековата душа, се чини гротескен и самиот обид да се утврди некаков ред во тоа какви сè можат да бидат нашите реакции на туѓите дијагнози.
Имајќи ја предвид чудесната комплексност на човековата душа, се чини гротескен и самиот обид да се утврди некаков ред во тоа какви сè можат да бидат нашите реакции на туѓите дијагнози.
Tема на овој текст се различните начини на кои се соочувам со дијагнозата, со акцент на дејствување според она што го нарекувам „по природниот тек на нештата“. Значи, пишувам за себе, за моето гледање на нештата, за мојата „шема“, за мојот нов „речник“, (пишувам и патем откривам) и би ми било мило ако напишаното инспирира други.
Македонски With the laptop in his hands, he stepped out of his apartment on the top floor of the building and with three big steps he found himself out in the open, on the common terrace on the roof. He sat down on one of the two chairs next to the plastic table and he […]
English Со лаптопот в раце, излезе од станот на последниот кат од зградата и со три чекори се најде под отворено небо, на плочникот од покривот. Седна на едно од двете столчиња крај пластичната маса и погледна околу себе. Набрзо треба да започне онлајн пловидба со една пријателка и сака да провери дали е сè во […]
Пред нешто повеќе од три недели, на 23, 24 и 27 јуни, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, по иницијатива и во организација на издавачката куќа „Готен“ од Скопје се одржа „Преводот како движење меѓу културите“, настан посветен на книжевниот превод.
Реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и трауматично.
„Пет приказни од целиот свет на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво.“
Кога ќе се сретнат македонското ‘не’, грчкото ‘ναι’ и англиското ‘nay’, ризикот е огромен. Како во комедија на забуни, потврдувањето лесно преминува во негирање, а сигурноста во сомнеж. Разбирањето во не-ναι-nay-доразбирање. Но не и тука.
Она што наликува на безизлез, наместо да води до демотивација и до дезориентираност на членството, може да се согледа и да се прифати како можност Друштвото, со сево ова што му се случува периодов, да биде една успешна и несекојдневно голема и инспиративна приказна.
Дали поради искуството на социјализмот и беспоговорната, повеќедецениска преданост на фигурата на врховниот водач, дали поради јасната хиерархиска поставеност во Партијата и помеѓу сите вработени во администрацијата, како во расказ од Гогољ, дали поради категоричната авторитативност и пресудната важност што ја имале раководни позиции во некои други, уште поодминати времиња – по инерција и денес како да продолжува да се негува една перверзна форма на „култ на личност“: се дава исклучителна важност на личностите на раководните позиции, се проектира еден извонреден авторитет – на штета на вербата во заедничкото одлучување, на штета на демократичноста, и пред сè на штета на личната свест за преземање иницијатива, на штета на личната проактивност. Со негувањето на „култ на личност“ се пасивизираат другите фактори во процесот – фактори без кои не се може.