Книга Објавена книга

„Куфер за тројца“ (2014)

Или-или, Скопје

   „Книгата ‘Куфер за тројца’ на Ж. Грозданоски се состои од три новели: ‘Ќе те сакам засекогаш’, ‘Куфер за тројца’ и ‘За животот на едно дрво’. Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата ‘сапунизација’ и тривијализа-ција на секојдневието, вешто поигрувајќи си со конвенциите и општите места од она што е масов-на и поп култура. Боејќи ги приказните со локален колорит, Грозданоски не ја штеди малограѓаншти-ната, глупавоста и плашливоста на просечниот човек. Нарацијата која на моменти изгледа мрачна е разбиена со бројните младешки анегдоти и натопена е со емотивност која вешто се спасува од патетиката. Понекогаш раскажани со едноставен израз, а понекогаш со радикални постапки и техни-ки (како новелата ‘За животот на едно дрво’ која има дури триесет различни наратори), приказните на Живко Грозданоски имаат една заедничка карактеристика: секогаш ве тераат да ја свртите следната страница и да продолжите со читањето.“

(Иван Шопов)

Во продолжение, седмото поглавје од книгата:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *