Заедница

За актуелните случувања во ДПМ, за двата статути на Друштвото и за конкретни можности

Она што наликува на безизлез, наместо да води до демотивација и до дезориентираност на членството, може да се согледа и да се прифати како можност Друштвото, со сево ова што му се случува периодов, да биде една успешна и несекојдневно голема и инспиративна приказна.

Заедница

„Култот на личноста“ наспроти новото ДПМ

Дали поради искуството на социјализмот и беспоговорната, повеќедецениска преданост на фигурата на врховниот водач, дали поради јасната хиерархиска поставеност во Партијата и помеѓу сите вработени во администрацијата, како во расказ од Гогољ, дали поради категоричната авторитативност и пресудната важност што ја имале раководни позиции во некои други, уште поодминати времиња – по инерција и денес како да продолжува да се негува една перверзна форма на „култ на личност“: се дава исклучителна важност на личностите на раководните позиции, се проектира еден извонреден авторитет – на штета на вербата во заедничкото одлучување, на штета на демократичноста, и пред сè на штета на личната свест за преземање иницијатива, на штета на личната проактивност. Со негувањето на „култ на личност“ се пасивизираат другите фактори во процесот – фактори без кои не се може.

Заедница

„Чаша“ (ДПМ_2022_1.)

1.         Седи во кафуле во населбата Кукаки во Атина и, помеѓу музиката што доаѓа од зад шанкот и ауспусите на моторите од улицата, го заслушува гласот на некој што пее. Го врти погледот кон шеталиштето, и од зад едно палмино дрво се појавува човек со шарена торба на раменото – оди наоколу и пее, […]

Заедница

За ДПМ, за „Стожер“ и за заедницата

Во изминативе четири години, колку што сум дел од Редакцијата на списанието „Стожер“ на ДПМ, не пишував ни за работата на/во „Стожер“ ни за самото ДПМ. Но ова е последната година од мандатот на сегашните состави на главните тела во Друштвото и чувствувам потреба да го споделам своето искуство.

Книжевност

Кон „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова

Дејствието на „Песот со тажен поглед“ (Матица, 2018), последниот роман на Оливера Николова, се одвива во болницата на британскиот црвен крст во Скопје, во текот на првата светска војна, а приказната, според точните зборови на самата авторка, произлегува како ехо од инспиративните спомени на д-р Џ. Џонстон Абрахам (Dr. J. Johnston Abraham), чијшто избор и […]

Заедница

„Нема ништо поубаво од предизвикот да бидеш она што си“

(Кон „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски, „Или-или“, 2020 г.)      „Нема ништо поубаво од предизвикот да се биде некој друг“ (стр.50) вели во еден миг Владо, еден од главните ликови во „Лето во кое те нема“, и тоа е првата од двете главни максими на кои почива целата приказна во овој […]

Заедница

Глаголот „зема“ и агресивната експанзија на англискиот јазик

   Додека како еден од членовите на жири-комисијата ги читав четириесетината книги што пристигнаа на овогоди/шниот конкурс за „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“, сè почесто помислував на две конкретни нешта: на една слика и на еден звук. Сликата е една мала илустрација чија замислa ме прогонуваше долго време, сè додека не […]

Книжевност

Кон „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски (издание на „Антолог“) – „Роман на годината“ 2020 и кон 4-те други романи финалисти

„Лето во кое те нема“ (Петар Андоновски, „Или-или“), „Суво мастило“ (Владимир Илиевски, „Македоника литера“), „Сфинга на гневот“, (Жарко Кујунџиски, „Антолог“) и „Куќа над брановите“ (Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“) „Скриени желби, немирни патувања“ – Владимир Јанковски („Антолог“, Скопје)      И во своето трето прозно дело, авторот останува доследен на зацртаната поетика, во чиј фокус се најразличните […]

Книжевност

Кратки осврти кон четирите книги што не влегоа во финалниот круг од трката за „Роман на годината“ за 2020 г.

     Во овогодинешното издание на конкурсот за наградата „Роман на годината“ беше пријавено 41 дело. Првиот круг гласање го поминаа 18 романи, додека 23 романи не продолжија во следниот круг. По второто бирање, девет од 18-те романи продолжија понатаму, а другите девет не влегоа во полуфинале. По третото гласање на петчлената жири-комисија, во финалето […]