„Сенилност“ е вториот роман на Итало Звево. Итало Звево е второто име на Еторе Шмиц. Еторе Шмиц се родил во Трст во 1861, (годината на обединувањето на Италија) од Италијанка и Австроунгарец. Неговиот стил долго не бил прифатен во италијанските книжевни кругови, со слава се здобил дури по смртта. По вториот објавен роман (1898) се откажал од пишување и изјавил дека двете објавени книги биле напишани не од него, туку од неговиот (неодамна починат) брат. По 25 години, Звево се запознал со Џемс Џојс. Овој, освен што му држел часови по англиски, го убедил Звево да продолжи со пишување. Тогаш Звево го напишал своето ремек-дело, Свеста на Ѕено.
Освен тоа што Звево умешно ја користи иронијата, особено внимание посветува и на теориите на Фројд и Дарвин. За него, книжевноста е и еден вид „терапија“, а животот мора да биде „окнижен“ за да биде оттргнат од „ужасниот, реален живот“. Оттаму и неговите книги редовно имаат нешто автобиограф-ско. Сенилност, на пример, е „обработка“ на врските помеѓу авторот, еден негов пријател (Умберто Веруда, сликар) и извесна шивачка по име Џузепина Ѕергол.