Книга Преведена книга

„Коски од сепија“ – Еуџенио Монтале

Магор, Скопје, 2013

   „Коски од сепија“ е првата поетска книга на Еуџенио Монтале (1896-1981), овјавена во 1925 година. Како централна тема во збирката критичарите ја издвојуваат „болката од животот“ (il male di vivere) – лирскиот субјект е осуден на изолација, а штуриот пејзаж од Лигурија е достојна рамка за внатрешниот пустош, кој може да биде услишен единствено од Божественатата Рамнодушност. Монтале се поистоветува со познатата филозофија на Песимизмот на Џакомо Леопарди, но имплицитно почнува дијалог и со други автори (Шопенхауер, Ниче…) коишто се занимавале со таа тематика. Коски од сепија е ризница од интертекстуалности (Монтале особено го цени Т. С. Елиот, неговиот став околу индивидуалниот талент и традицијата, но и неговата поезија и постапката на објективен корелат којашто и самиот ја применува во своите подоцнежни збирки).

   Поради „набиеноста“ и затвореноста на писмото од оваа збирка, критичарите на почетокот го определу-вале Монтале како херметички поет. Сепак, подоцна Монтале сосем го „приземјува“ тонот, станува критички настроен, неретко и дрско прозаичен.

Четири песни од збирката (препев на македонски и оригинал на италијански јазик)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *