„Кал“ е книга составена од една новела, Последната Нова година, и седум ужасни раскази (Респект, Те сонувам, низ ужас, Зоолог, Кал, Хартија и Железо), кои ни ги претставуваат животните навики на младите маргиналци од едно неконвенционално урбано човештво.
Дејствието во расказите е на стероиди, а ликовите се пинбол кугли што без контрола се одбиваат една од друга и од хавариите околу себе. Јога-инструкторката е растурена од ракета, уметникот е издупчен со игли за плетење, зомбито го удира „Голф“, бизнисменот е забоден од харпун, музичарот – смачкан од плазма телевизор, старицата умира пеплосана од пламенофрлач… Расказите на Аманити откриваат безброј лица на смртта.
Се мешаат различни жанрови, комедијата и хоро-рот се потопени во тарантиновски „палп“, но највпеча-тливата одлика на стилот на Аманити тука најверојатно е експлозивниот хумор кој сосем спонтано извира од невозможните ситуации во кои се вплеткуваат ликовите.
Плитки, расипани, вулгарни, очајни, антихероите на Николо Аманити најдобро ја искажуваат обичната човечка потреба од живот во почиста форма.