Заедница

„Чаша“ (ДПМ_2022_1.)

1.         Седи во кафуле во населбата Кукаки во Атина и, помеѓу музиката што доаѓа од зад шанкот и ауспусите на моторите од улицата, го заслушува гласот на некој што пее. Го врти погледот кон шеталиштето, и од зад едно палмино дрво се појавува човек со шарена торба на раменото – оди наоколу и пее, […]

Заедница

За ДПМ, за „Стожер“ и за заедницата

Во изминативе четири години, колку што сум дел од Редакцијата на списанието „Стожер“ на ДПМ, не пишував ни за работата на/во „Стожер“ ни за самото ДПМ. Но ова е последната година од мандатот на сегашните состави на главните тела во Друштвото и чувствувам потреба да го споделам своето искуство.

Заедница

„Нема ништо поубаво од предизвикот да бидеш она што си“

(Кон „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски, „Или-или“, 2020 г.)      „Нема ништо поубаво од предизвикот да се биде некој друг“ (стр.50) вели во еден миг Владо, еден од главните ликови во „Лето во кое те нема“, и тоа е првата од двете главни максими на кои почива целата приказна во овој […]

Заедница

Глаголот „зема“ и агресивната експанзија на англискиот јазик

   Додека како еден од членовите на жири-комисијата ги читав четириесетината книги што пристигнаа на овогоди/шниот конкурс за „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“, сè почесто помислував на две конкретни нешта: на една слика и на еден звук. Сликата е една мала илустрација чија замислa ме прогонуваше долго време, сè додека не […]

Заедница

Политика VS. Политикантство (неопходноста од РЕполитизација на општеството)

   Политиката е благородна активност. Политикантството (она што најчесто го живееме) е помија, „снаоѓање“, битка за личен интерес. Политиката е несебична, и се залага за доброто на пошироката заедница. Политикатството е себично и се врзува за личните интереси, за интересите на помали групи и глутници, со умилкување на поголеми економски и политички центри на моќ. […]

Заедница

Неколку зборови (за хипо- и хиперкогницијата)

     Во духот на некои филозофи од минатиот век, последниве неколку месеци се фаќам себеси како размислувам околу тоа како зборовите и нивното присуство/отсуство во секојдневието ми го условуваат мислењето и изразувањето, па и однесувањето, па така и личната (и колективната) култура воопшто. Пред некое време, најпосле, на „Букбокс“ наидов на еден важен текст […]