Книга

„Последното име на иднината“ (2018)

Антолог, Скопје    „Едно дете го придружува дедо си до блискиот рид над градот, каде што пуштаат балони со хелиум кон небото. Во еден миг балонот исчезнува, а на негово место се појавува мала бела птица.   Таквите денови стануваат убави сеќавања, но детето израснува во човек со мал невидлив дефект под градната коска – […]

Книга

„Отпечатоци врз коцки мраз“ (2016) – второ, дополнето издание

Темплум, Скопје   „’Отпечатоци врз коцки мраз’ се луцидни, духовити, наместа продуховени кратки раскази. Некогаш прикаски, некогаш фатени мигови, зен-мајстории, аксиоми, созерца-нија, некогаш длабокоумни филозофски размисли, некогаш обичен попис или опис, а некогаш и играње играчки со себе, со читателот и со текстот. Има во книгава раскази што ќе ве наежат и такви што можеби […]

Книга

„Куфер за тројца“ (2014)

Или-или, Скопје    „Книгата ‘Куфер за тројца’ на Ж. Грозданоски се состои од три новели: ‘Ќе те сакам засекогаш’, ‘Куфер за тројца’ и ‘За животот на едно дрво’. Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата […]

Книга

„Приказни за тревите“ (2011)

    „Приказни за тревите“ е збирка од тринаесет раскази, пишувани во период од околу две-три години пред и по завршувањето на додипломските студии (2008-2011). Расказите се и стилски и тематски разли-чни, а повеќето од нив ги поврзани метафората од насловот, позајмена од песна од Изет Сарајлиќ (1930-2002).       Нека ни простат тревите   […]

Книга

„Отпечатоци врз коцки мраз“ (2009)

     „Отпечатоци врз коцки мраз“ е пишувана во текот на додипломските студии (2006-2009). Станува збор за кратка медитативна проза, творена, меѓу останатото, под влијание на две книшки цртици: „Конзервирани импресии“ од Г. Стефановски, и „Цинк“ од Д. Албахари.  Некои од составите се однесуваат на конкретни слу-чки, а некои се елаборирани размислувања, каде гном-ското најчесто е смирено од суптилниот противотров […]

Книга

„Песок и свила“ (2005)

  Во 1958 година, на осумнаесетгодишна возраст, италијанскиот кантавтор Фабрицио де Андре објавува синглица која години подоцна ќе ја нарече „младешки грев“. Во една прилика, пак, на прашањето дали се смета за поет или за кантавтор, Де Андре вели: „Според Бенедето Кроче, до осумнаесетата година поезија пишуваат сите. Откако ќе наполнат осумнаесет години, поезија продолжуваат да […]