Малага („Возови од мастило“) е збирка од 60 песни поделена на три дела:
1) 24 песни од збирката „Песок и свила“, веќе објавена од Гимназија „НОВА“ во Скопје (2004).
2) 24 нови, необјавени „Обични песни“, напишани од 2004 до 2006 г.
3) 12 нови, необјавени песни „Возови од мастило“ („Малага“), пишувани од 2006 до 2009 г.
* * *
Збирката е објавена во 2024 г., како одбележување на два јубилеи: дваесет години објавата на првата книга на Живко Грозданоски („Песок и свила“), како и десет години од постоењето на блогот „bulevarosloboduvanje.weebly.com“.
„Некои песни се баш зборлести, разговорливи, пресретливи, срдечни. Тие се споделување, не се затворени во својата самодоволност, ниту воздржани дека ќе се истрошат. Разговараат и со својата лектира (А. Шопов, И. Сарајлиќ), но и во псалмичен тон, обраќајќи му се на поголемото, скриеното.“
(од предговорот на Тања Б. Евтимоска)