Книжевност

„Булевар Ослободување“ на Саемот на книгата во Скопје (23-29 април 2026 г.)

„Да сум на твое место“ е првото издание на „Булевар Ослободување“ (2020 г.). Се работи за тематски избор од кратки раскази и песни од 13 македонски автори: Жил Менар (Живко Грозданоски), Влада Урошевиќ, Иван Шопов, Николина Андова-Шопова, Александар В. Станојков, Душко Крстевски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Ѓорѓи Крстевски, Искра Донева, Жарко Кујунџиски, Исток Улчар, Мане Манушев и Владимир Мартиновски.

Главната тема околу која орбитираат тринаесетте кратки книжевни творби е емпатијата, односно „замената на места“.

Поглед во книгата на оваа врска.

Малага („Возови од мастило“) е збирка од 60 песни поделена на три дела:

1) 24 песни од збирката „Песок и свила“, веќе објавена од Гимназија „НОВА“ во Скопје (2004).

2) 24 нови, необјавени „Обични песни“, напишани од 2004 до 2006 г. 

3) 12 нови, необјавени песни „Возови од мастило“ („Малага“), пишувани од 2006 до 2009 г.

* * *

Збирката е објавена во 2024 г., како одбележување на два јубилеи: дваесет години објавата на првата книга на Живко Грозданоски („Песок и свила“), како и десет години  од постоењето на блогот „bulevarosloboduvanje.weebly.com“.

„Некои песни се баш зборлести, разговорливи, пресретливи, срдечни. Тие се споделување, не се затворени во својата самодоволност, ниту воздржани дека ќе се истрошат. Разговараат и со својата лектира (А. Шопов, И. Сарајлиќ), но и во псалмичен тон, обраќајќи му се на поголемото, скриеното.“ 

(од предговорот на Тања Б. Евтимоска)

Врска до избрани песни од „Малага“.

„Идентитетот не постои, постои само идентификувањето“. Со овие зборови, Франко „Бифо“ Берарди укажува на флуидноста на идентитетот, на состојбата на нашето постојано „постанување“, кое се разликува од посакуваното „бидување“, кое е фиксираност. По истата линија, ние што чекориме по „Булевар Ослободување“ ретко извикуваме „Слобода“! – затоа што поважен е процесот на *ослободувањето*: таа постојана, возбудлива потрага, љубопитност, преиспитување, прифаќање.“

* * *

Булевар Ослободување бр. 10 (2014-2024) е избор текстови објавени на www.bulevarosloboduvanje.weebly.com, а потоа и на www.bulevarosloboduvanje.mk.

Кратки раскази, кратки осврти, три рецензии за три романи, колумни за книжевниот превод, за книжевноста и за ангажираноста, низа колумни насловена „Приказната ДПМ“, и три есеи посветени на духовноста и на добросостојбата („По природниот тек на нештата“).

* * * 

„Политика VS политикантство (потребата од реполитизација на општеството)“

„Може ли трауматичните приказни на другите да станат наш товар, кој потоа и ние самите го носиме, макар потсвесно?“ „Смеам ли да напишам приказна која ќе ја собере во себе туѓата болка и потоа ќе ја ослободи?“ – се прашува нараторот на едно место во книгата и искрено, но и категорично изјавува: „Не сум сигурен во одговорите, и не знам дали некогаш ќе бидам. Но, сега сум тука, сега кажувам“. Токму бескомпромисната решителност да се биде глас на замолчениот друг(а), кореспондира со благородниот чин на пишувањето и правењето место во светот, не само за себе, туку и за другите – чин на достоинство акцентиран веќе во насловот на книгата на Грозданоски, а повеќекратно реализиран во одделни прози.“ 

* * *

(Од поговорот „Живееме во мал милион различни домови“ на Лидија Капушевска-Дракулевска)

* * *
Врска до расказот „Плинска боца во ЈСП“ од циклусот „Стрес. Речи ‘фала’.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *