Песна од италијанскиот поет Камило Збарбаро (1888-1967) Молчиш, душо уморна од задоволства Молчиш, душо уморна од задоволстваи од страдања (и кон едното и кон друготорамнодушна си веќе).Никаков твој глас не слушам:ни каење за мизернатамладост, ни гнев, ни надеж,ни мачнина.Дремеш какотелото, занемена, сета полнаочајничка рамнодушност. Нема да се изненадиме,не, душо моја, ако срцето наеднашсопре, ако здивотсекне… […]
Преведувачка работилница
