Мастерклас и работилница по креативно пишување „По природниот тек на нештата“
23 јули (среда) / Лабораториум / 19:00 – 21:30
Ќе зборуваме за пишување, а по малку и ќе пишуваме – и (кој сака) ќе го споделуваме напишаното. Ќе ги разгледуваме пред сè *ликовите*, кои можат да се прости или сложени, динамични или статични, главни или споредни… Што ги прави сложените ликови сложени? Или, зошто е важно да имаме динамични ликови во приказната? Што значи динамичен лик, воопшто?
Работилницата ќе ја води Живко Грозданоски – писател, преведувач, уредник, водич по креативно пишување и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
На 23 јули 2025 г.
Во Лабораториум (До „Европски универзитет“ во Скопје)
Од 19:00 до 21:30
За сите оние што имаат најмалку 16 години и што:
– Сакаат да слушаат и да зборуваат за раскажување приказни и за градење ликови
– Чувствуваат потреба од поддршка во раскажување на приказна
– Сакаат да слушаат и да зборуваат за писатели и за поети: Сервантес, Борхес, Анзалдуа, Пирандело, Куци…
Но, исто така, ова е настан за оние што:
– Се отворени за интроспекција (без притоа да мора да споделуваат со други:)
– Имаат во најмала рака толеранција кон духовноста и различните религиозни учења
– Сакаат да слушаат и да зборуваат за добросостојба
Мастеркласот/работилницата е поделен на два дела од 45-50 минути, со 15 минути пауза за неформално меѓусебно запознавање, 1-на-1 разговори, земање пијалок…
Секој од учесниците како подарок ќе добие „Лична мапа“, која ќе може да ја користи одново и одново – при секое патување *навнатре*.
Цена: 1000 денари (во цената е вклучено шишенце вода и „личната мапа“)
Бројот на учесници е ограничен – можете да резервирате место на
– Viber/WhatsApp/Telegram – 078 72 53 97,
– E-mail – info@bulevarosloboduvanje.mk
– да набавите билет во Лабораториум.
