Заедница

„Култот на личноста“ наспроти новото ДПМ

Дали поради искуството на социјализмот и беспоговорната, повеќедецениска преданост на фигурата на врховниот водач, дали поради јасната хиерархиска поставеност во Партијата и помеѓу сите вработени во администрацијата, како во расказ од Гогољ, дали поради категоричната авторитативност и пресудната важност што ја имале раководни позиции во некои други, уште поодминати времиња – по инерција и денес како да продолжува да се негува една перверзна форма на „култ на личност“: се дава исклучителна важност на личностите на раководните позиции, се проектира еден извонреден авторитет – на штета на вербата во заедничкото одлучување, на штета на демократичноста, и пред сè на штета на личната свест за преземање иницијатива, на штета на личната проактивност. Со негувањето на „култ на личност“ се пасивизираат другите фактори во процесот – фактори без кои не се може.

Заедница

„Чаша“ (ДПМ_2022_1.)

1.         Седи во кафуле во населбата Кукаки во Атина и, помеѓу музиката што доаѓа од зад шанкот и ауспусите на моторите од улицата, го заслушува гласот на некој што пее. Го врти погледот кон шеталиштето, и од зад едно палмино дрво се појавува човек со шарена торба на раменото – оди наоколу и пее, […]